Добитникот на наградата Оскар за најдобар актер Вил Смит за улогата во филмот за „Кралот Ричард“, го удри во лице водителот Крис Рок затоа што се пошегува на сметка на неговата сопруга на церемонијата на Оскарите.

Рок се пошегува на сметка на фризурата на сопругата на Смит, Џејда Пинкет Смит која страда од алопеција, состојба на губење на косата. Смит излезе на сцената и му удри шлаканица на Рок. Ситуацијата во прв момент изгледаше како шега напишана по сценарио, но набрзо на сите им стана јасно дека Смит не се шегува, пренесува „Гардијан“. По инцидентот тој се врати назад на своето место дофрлајќи му гласно на водителот: „Држи го името на мојата сопруга надвор од твојата ебана уста“.

Вил Смит му удри шлаканица на водителот Крис Рок

OhridNews