ЈЗУ Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ – Охрид деновиве започна со примена на нова метода „Артроскопска хирургија на рамен зглоб“.
Оперативните зафати на пет пациенти со различни дијагнози беа успешно спроведени од тимот на доктори, Д-р Огнен Шешоски и д-р Александар Стевоски, специјалисти по ортопедија, под надзор на доктори од Словенија.
Деновиве започна нов вид на третман „Артроскопска хирургија на рамен зглоб“ во болницата. Станува збор за вид на хирургија која е минимално инвазивна. Индикацијата е кај пациенти кои се на различна возраст, а во овие два дена имавме пет случаи на возраст од 17 до 73 години. Три беа со застарени повреди по исчашување на рамениот зглоб, кои се повторувале и со секое наредно исчашување повредата се зголемувала. Во однос на патологијата која ја третиравме станува збор за случаи после повторливи исчашување на рамениот зглоб, воспаление во дел од мускулатурата на рамениот зглоб ил и состојби после повреди на рамениот зглоб. Новитет, исто така, е што за првпат користевме импланти направени од конец со помал дијаметар од стандарднатите користени, но не се губи на цврстината, а е предност во однос на рехабилитацијата, истакнаа д-р Шешоски.
Докторот апелира по повредна на рамениот зглоб, пациентите веднаш да се прегледаат, да се постави дијагнозата, за да се пристапи кон третман, бидејќи случаите добиваат на комплексност доколку се остават нетретирани подолго време, што ја зголемува тежината на самата интервенција и постоперативната рехабилитација.
Тоа што ја прави сериозна современата ортопедска институција е изнаоѓање на правото решение за откривање на проблемот и соодветно решавање на истиот, вели д-р Љубомир Богојевски.
Откривањето е преку дијагностичките процедури од типот на магнетна резонанца, компјутерска томографија, ултразвук и врз основа на тоа навлегување во третманот на тој начин докажани промени. Навлеговме посериозно во патологијата на рамен зглоб, патологија која за жал често ја нарекуваме непокриена, па влегува во категоријата каде „нема што да ти правиме“ ќе ги земаш тие лекови. Како институција со оваа метода навлегуваме во суштината на проблемот на рамениот зглоб и го решаваат на соодветен начин, истакна д-р Богојески.
Инаку, во Скопје вакви оперативни зафати се прават во болницата „8-ми Семпември“ и во Клиничкиот центар, но сега веќе постои и можноста за вакви оперативни зафати и во ЈЗУ Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“-Охрид.
Минатата година во болницата беше изведена и првата хирушка интервенција вградување на „Тотална реверзна протеза (Вештачко раме)“.
Н.С.Ј.
фото/видео К.С.













