Чествувањата по повод празникот Богојавление – Водици започнаа утрово во 7 часот со богослужби во охридските парохиски цркви. Литиите од трите цркви „Св. Никола- Геракомија“, „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“ и „Св. Георги од Горна Влашка Мала се сретнаа на плоштадот Св. Климент Охридски неколку минути пред 10 часот и се упатија на пристаништето.
Чесниот крст во осветените води на Охридското Езеро ќе биде положен од Светилникот на пристаништето.
Во редовните вести OhridNews ќе известува за богојавленските чествувања во охридско и регионот.
По положување на крстот и осветување на езерската вода, точно напладне кај месноста „Сараиште“ ќе се одржи и традиционалното свето крштевање на сите луѓе кои сакаат да се крстат.
На градскиот плоштад во 12 часот, концерт ќе одржи групата „Чалгија саунд систем“, а од 9 до 15 часот, во организација на Црвен крст Охрид, се одржува традиционалната крводарителска акција „Водици 2023“ под мотото „ЕДНА КАПКА МОЖЕ ДА ПРОМЕНИ СЕ“. Акцијата ќе се реализира во Центарот за култура „Григор Прличев“.
Г.М.