Вчерашното невреме чии последици во делови од Охрид се чувствуваат и денеска го карактеризираат обилни врнежи од дожд и град. За само половина час во Охрид наврнале 18 литри дожд на метар квадратен, а делови од некои населби во градот, како и атарите на Лескоец и Велгошти беа зафатени од силен град. Жителиоте на Велгошти чии земјоделски насади настрадаа стопроцентно во невремето раскажуваат дека за кратко време земјата била прекриена со дваесетина сантиметри мраз.

За силината на невремето најдобро говорат овие ексклузивни снимки:


OhridNews
видео: Варе