Деновиве на интеренет се појави видео-записот, каде што охриѓаенцот Димитри Димитров од Алпинистички Клуб „Патагонија“заедно со  уште двајца членови на Алпинистичкиот Клуб „Матка“ од Скопје, успешно ја завршија мисијата наречена „Малтатал – Австрија“.

За време на февруарската петдневна возбудлива акција по долината на реката Малта која тече низ централно-источните Алпи во Австрија, македонските алпинисти освоија повеќе вертикални карпи во зимски услови високи и до 350 метри.

Инаку, алпинистите од земјава претходно истакнаа дека качувањата се повеќе од успешни, имајќи го предвид фактот дека оваа е само втора акција на македонски алпинисти од ваков карактер досега.

О.Т.