Започна пријавувањето за Спортскиот едукативен камп со меѓународен карактер кој трета година по ред ќе се одржи во Хотел Десарет во организација на Асоцијацијата за спортови „Спорт за сите-сите за Спорт“.

Спортскиот едукативен камп ќе се одвива од 9 до 15 јули, а на учесниците им e загарантирана дружба, забава и откривање на тајните на сите спортовите.

Повеќе информации околу пријавувањето за учество и за кампот воопшто на меилот [email protected], официјалната фејсбук страница која можете да ја најдите тука.

OhridNews