По последното невреме кое го зафати Охрид, скоро две недели дел од жителите на улицата „Мите Богоевски“ се соочуваат со проблем од главната канализација на улицата, која е затната и полна со вода и фекалии. Од тука се преполнуваат и нивните шахти, со што велат мора да внимаваат кога пуштаат вода, предизвикани се штети во некој од домовите, стравуваат од болести, а се шири и непријатна миризба.

Во два наврати екипите од ЈП „Нискоградба“ излегле на терен и ги празнеле шахтите, но веднаш потоа истите повторно се полнеле. Жителите бараат надлежните да го решат проблемот со главната шахта на улицата.

Директорот на ЈП Нискогрдба Александар Трпеноски вели дека во една недела двапати е реагирано на ова место, но потенцира дека се чека механизацијата и повторно ќе интервенираат.

Во текот на денот, најкасно утре механизацијата ќе биде сервисирана и екипи повторно ќе излезат на терен. Да видиме првично дали проблемот е од невремето или не, константно ќе го следиме и сервисираме тој потег, ако е од невремето нема да има проблеми во наредиот период, бидејќи се летни периоди и поголема суша, но со новите врнежи на есен може да се појави пак проблем. Има неколку проблематични точки кои редовно се сервисираат во градот. Екипите се постојано на терен и ги следат состојбите секаде низ градот, потенцира директорот.

Н.С.Ј

видео/ фото. К.С