Водостојот на реките во Охридско значително е зголемен по обилните врнежи од дожд што ја зафатија земјава изминатото деноноќие. За еден ден нивото на реката Сатеска пораснало за 70 сантиметри и денеска е за 1 метар и 10 сантиметри повисоко од просекот за јануари, информира УХМР. Високо е нивото и на реката Далјан која предизвика поплави по нејзиното течение. Иако врнежите денеска се со мал интензитет, на снимките што екипата на Охридњуз ги направи попладнево се гледа дека водостојот на реките Далјан и Сатеска и натаму е висок.
Значително зголемен водостојот на реките во Охридско
Во Охрид и околината, поради обилните врнежи од дожд, има поплавени подруми, дворови и неколку објекти во градот. Некои водотеци се излеани, а локалната самоуправа и кризниот штаб се на терен, додека екипите на ЈП „Водовод“, „Нискоградба“ и „Комуналец“ интервенираат и ја отстрануваат водата, информира Центарот за управување со кризи.

Според прогнозата на УХМР, во наредните денови не очекува променливо облачно време со сончеви периоди,. Во северозападните делови ќе има повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Г.М.











