Силниот ветер од јужен правец кој на моменти дуваше со брзина над 60 километри на час предизвика проблеми на пловните објекти закотвени на Охридското Езеро. Брановите и налетите на силниот ветер не ги издржа една едрилица закотвена на градското пристаниште.
Според најавите од Упрвата за хидрометеоролошки работи и следните денови под влијание на циклонска активност ќе продолжи периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Утре во попладневните часови и во четврток врнежите ќе бидат со послаб интензитет. Во петок и во деновите од викендот повторно се очекуваат пообилни врнежи од дожд (над 30 l/m² за 24 часа), локално во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на грмежи. Од недела утринските и дневните температури значително ќе опаднат.
OhridNews











