Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, Немања Видиќ е пред излезни врати од тимот на Интер по караницата со тренерот Роберто Манчини.


Италијанскиот стратег на управата од клубот им соопштил додека е тој на чело на Интер не смета на услугите од искусниот дефанзивец.

– Не очекував таква реакција од Видиќ, кој пред се е искусен фудбалер. Тој требаше да го стави колективот пред своите лични интереси, но тој не го направи тоа. Од него побарав брзо да се загрее и да влези на местото од Ранокија, кој беше повреден. По неговата реакција сватив дека на сака да го направи тоа и го вратив на клупата и Ранокија го доигра натпреварот повреден. – рече Манчини.

По се излгеда од наредната сезона Видиќ ќе мора да ја промени средината или пак да ја смири ситуацијата со Манчини.

Мх.П.