Некогашниот капитен на Манчестер Јунајтед, Немања Видиќ е пред враќање во клубот каде ги имаше најсветлите моменти во кариерата.


Откако кормилото на Интер го презеде Роберто Манчини српскиот интернационалец не одигра ниту еден натпревар како стартер, а кај поранешниот тренер Валтер Мацари беше прв избор на стоперската позиција.

Видиќ немаше добар старт во дресот на Интер бидејќи на дебито беше исклучен, а и за неколку голови беше главен виновник.

И менаџерот на „црвените ѓаволи“ Луис ван Гал пристапил за враќање на Видиќ прво за шест месечна позајмица, а потоа заедно ќе одлучат за иднината на српскиот фудбалер.

Мх.П.