Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат на патниот правец Крива Паланка – граничен премин Деве Баир (од с.Узен до Деве Баир), со остатоци од кашест снег на коловозот. Појава на магла има на патните правци Страцин-Кратово-Пробиштип и Страцин-Куманово со видливост од 50 до 100м, а на планинскиот премин Стража видливоста е од 30 до 40м. Сообраќајот на останатите државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по влажни коловози, информираат од АМСМ. 

Внимателно возење се препорачува на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони. 

На патниот правец Коломонт – мост Близанско на Акумулација Козјак, има зголемена појава на одрони.

Потсетување дека патниот правец Охрид – Ресен преку Галичица (врска со Р1307 (Царина)-врска со А3 и Р1301 (Трпејца)), од месноста Корита до зимскиот центар Отешево е затворен за сообраќај на сите возил до 31.03.2015 год.

Од 15 ноември започна законската обврска за поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Таа обврска ќе трае до 15 март 2015 година. 

OhridNews