Во објектот „Стобекс“ во населбата Видобишта, утре (сабoта), свечено ќе биде отворен новиот супер модерен маркет на трговскиот бренд „Дон Примус“.

На простор од 700 метри квадратни новиот „Дон Маркет“ на купувачите ќе им понуди широк избор на производи за широка потрошувачка, како и зеленчук и овошје со висок квалитет и екстра цени. Овој современ маркет е единствен од таков вид во населбите Видобишта, Бараки и Велгошти, а опфаќа и дел од Горна Влашка маала.

Во склоп на новиот маркет „Дон Примус“ во Видобишта ќе работи месара, а новина ќе биде понудата на готови јадења.

На свеченото отварање на „Дон Примус“ маркетот во сабота во 10 часот, купувачите ги очекуваат бројни изненадувања, наградни игри, промоции и акциски попусти, кои ќе ги има и во иднина.

Новиот маркет „Дон Примус“ во Видобишта ќе работи секој ден од 07 – 22 часот, а на лето до 23 часот.

OhridNews