Еден од фаворитите за освојување на Европа Лигата, Милан убедливо ја совлада Австрија во Виена со 5-1. Преку 30 илјади гледачи на „Пратер“ стадионот во Виена можеа да се уверат во силата на новиот Милан, кој по неколку посни сезони повторно се врати на мапата на фудбалска Европа.
Скапиот состав на Монтела во целост ја оправда фаворитската улога, ставувајки им на знаење на домаќините уште на самиот старт дека се дојдени по трите бода. По 20 минути игра Милан со головите на Силва (два) и Чаланоглу имаше убедлива предност.
– Сериозно ја сваќаме Лигата на Европа, во групите сакаме да завршиме на првото место и сакаме да го следиме рецептот на Манцестер Јунајтед од лани – истакна тренерот на Милан Винченцо Монтела.
Купот на Уефа, сегашната Лига Европа е единственото натпреварување кое Милан го нема освоено во својата историја. Овој трофеј е единствениот кој недостига во богата фудбалска ризница на Сан Сиро. Новите лица во црвено-црниот состав Андре Силва и Хакан Цаланоглу беа главните виновници за убедлвиот триумф.
– Хакан одигра на високо ниво, додека Силва показа дека е гладен за голови. Не заборавјте дека Мецевите во Европа се разлицни од оние во Серија , но она сто тој го демностирарсе е добар патоказ за во иднина. – смета Монтела
„Росонерите“ ладнокрвно ги казнуваа сите грешки на младиот тим на Австрија кој мораше на крајот да се помири со високиот пораз. Бодови „виолеотивте“ ќе мора да бараат на дуелети со останатите противници.
– Одигравме доста нервозно на старот и направивме грешки кои на ова ниво едноставно не се дозволиви, веднаш стигнува казната – потенцираше Торстен Финк стратегот на виолетовите, кој како фудбалер на Баерн Минхен ја има освоено Лигата на Шампиони.
Новата десетка на Милан, турскиот интернационалец Хакан Чаланоглу одлично се вклопи во новата улога која ја доби од Монтела во 3-5-2 системот, систем кој се очекува да го практикува Милан сезонава . – Се е овде ново за мене, па така и оваа улога. Но, ми се допаѓа тоа што имам слобода во играта и може да се движам позади напаѓачите – реце турскиот репрезентативец.
Последен фудбалер кој постигнал хет трик на меч во Европа за Милан е Рикардо Кака кој на својот фејсбук профила ја честиташе победата на „росонерите“. Стрелецот на хет трик во Виена“МВП“- то португалецот Андре Силва полека се загрева со голови. Ова беше негов 5 погодок во четвртиот меч како стартер во тимот на Монтела.
– Среќен сум за победата и тоа што дома ќе ја однесам топката од мечот. Денес Хакан ми помогна многу, но победата е заслуга на целата екипа, не на поединци, мора да продолжиме во исти стил – рече Силва.
Виена донесе радоста за армијата навивачи на Милан. „Росонерите“ имаат измешани емоции кога станува збор за теренот на Пратер. 1990 година со голот на Франк Рајкард „росонерите“ ја совладаа Бенфика со 1-0 во финалето од тогашиот Куп на Европски шампиони и ја најавија доминацијата во Европа. Пет години подоцна 1995 друг холанѓанец Патрик Клајверт го направи невозмозното кога со голот во финишот на мечот го одведе Ајакс на врвот на Европа совладувајки го Милан со 1-0. Пораз кој означи крај на една ера во Милан.
Монтела кој во Виена пред очите на новиот сопственик Ким Јун убедливо славеше над виолетовите е исправен пред сериозен предизвик да ги врати росонерите на победничките патеки.
Од Виена, Австрија
Мирко Постоловски