Прославениот француски репрезентативец и член на Арсенал, Патрик Виера назначен е за нов тренер на американскиот клуб Њујорк Сити.
39-годишниот Виера во Америка ќе започне тренерска кариера откако неколку години наназад работи во Манчестер Сити со помладите категории.
Виера во екипата на Њујорк ќе има исклучетелна можност да работи со Андреа Пирло, Френк Лампард и Давид Виља кои се дел од тимот.
Тренерската одисеја во Америка, Виера ќе ја започне на 1 јануари 2016 година кога официјално почнува новата сезона во МЛС лигата.
Инаку, Французинот ќе остане на платниот список од Манчестер Сити кој поседува 80% од акциите на клубот од Америка.
Ohridnews











