Градските ривали од Мадрид, Атлетико и Реал ги поделија бодовите играјќи 1-1 во дербито на „Винсенте Калдерон“ во рамките од седмата рунда од Ла лига.
Џокер на „јорганџиите“ беше Вието кој влезе од клупата и со погодокот во 84-та минута го анулираше водството на „кралевите“ со голот на Карим Бензема.
Домаќините можеаја уште побрзо да се вратат во игра, но Кејлор Навас успеа да го одбрани ударот од белата точка на Ентони Гризман на средината од првиот дел.
Резултати : Рајо Ваљекано – Реал Бетис 0-2, Атлетик Билбао – Валенсија 3-1, Леванте – Виљареал 1-0, Атлетико Мадрид – Реал Мадрид 1-1.
Табела : Виљареал 16, Реал Мадрид 15, Селта Виго 15, Барселона 15, Атлетико Мадрид 13..
Мх.П.











