Фудбалерите на Ливерпул со идентични 2-0 како и Манчестер Јунајтед го совладаа составот на Виган во подготвителниот натпревар кој го одиграа двете екипи.
„Црвените“ од Енфилд отпорот на „латекси“ го скршија во 70-та минута со погодок на Дени Ингс. Четири минути подоцна Бенџамин Вудбурн ги постави конечните 2-0.
За екипата на Ливерпул ова е втор контролен натпревар, во првиот со 5-0 славеа над Флитвуд.
OhridNews