Вечерва (сабота), со почеток во 20:00 часот, во центарот за култура, на керал сцената, љубителите на забавата и остриот хумор ќе можат да ја проследат новата Импровокација, која е седмо издание во нејзината петта сезона.

Импровокација е проект на професионалните актери Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Филип Кипровски и Никола Јосифоски на пијано и Филип Ангеличин – Жура како организатор (совест на шоуто).

Карти по цена од 200 денари можат да се купат во музичката продавница Зи Зи Топ, или со резервација на телефонскиот број 075283066.

OhridNews