По воведната победа во пролетниот дел над Брегалница со 1-0, нови бодови за опстанок охриѓани ќе бараат на стадионот Борис Трајковски во Маџари. Во минатото коло Маџари беше поразен со 2-1 од Караорман во Струга. Со 21 бод скопскиот вторлигаш се наоѓа на десеттата позиција. На клупата на Маџари седи на охриѓани добро познатиот Раде Каранфилоски. Во првиот натпревар помеѓу овие две екипи во есенскиот дел триумфираа “сините“ со голот на Лошкоски од пенал во 88 мин.
Главен судија на мечот е Мустафи Фатон,а ќе му помагаат Дамјановски Миодраг и  Љатифи Насуфи сите од  Тетово.

На останатите натпревари  во втората  МФЛ 19 коло играат :  
Слога ј. – Локомотива , Беласица г.ц. – Металург , Тетекс – Вардар д. , Алумина – Караорман , Брегалница – Дрита , Нов Милениум – Влазрими , Скопје – Турново , Миравци е слободен. Натпреварите започнуваат во 14.00 часот.

Кошаркарkите на Билјана 006 , во рамките на второто коло од „оролоџото“ во Првата Вардар Осигурување лига – жени гостуваат кај второпласираниот Пелистер во Битола. Охриѓанки се наоѓаат на петтата позиција и се еден бод куси зад четвртотo место кое води во разигрувањето кое го чува Водњански Лисици. На останатите натпревари играат Вигор – В.Лисици и Куманово – Изградба К.М.

Ракометарите на Климeнт Охридски , втора недела по ред играат во гости. По поразот од Прилеп 31-26 во наредното коло охриѓани гостуваат во Ресен кај Младост. Првиот меч во есенскиот дел охриѓани го добија со 31-27. На останатите натпревари играат Риниа – Прилеп , Партизан – Струга Илинден, Мрк Вардар – Металург Јуниор

Табела  Прва Лига Зaпад

Металург Ј. 30
2 МРК Вардар  27
3 Прилеп 21
4 Струга Илинден  12
5 Риниа М 10
6 Младост 7
7 Климент Охридски 6
8 Партизан 1