Езерското фудбалско дерби е на менито виекндов во втората фудбалска лига. На Градскиот стадион во Струга фенерџијата Караорман ќе го пречека Охрид.

Во Велмеј Илинден нови бодови ќе брка против минатогодишниот прволигаш Штипска Брегалница.
Натпреварите во Втората фудбалска лига започнуваат во 14 часот .

Ново тешко гостување за кошаркарите на АМАК СП кои викендов ќе му гостуваат на 13 кратниот првак Фершпед Работнички .Натпреварот се игра во сабота во 18.30 минути

По серијата порази кошаркарките на Билјана до првата победа во првенството ке се обидат на домашен терен да стигнат преку скопски Младинец .Натпревароте се игра во Недела во 16 часот

Натпреварот од петто коло од првата лига запад на ракометарите на Климент Охридски против МРК Вардар е одложен. Струшки Илинден  гостува во Скопје кај Риниа.

Ракометарките на Струшки Фон Универзитет на домашен терен како загревање за настапот во Европа ,ќе играат против Еуростандард Ѓ.П