Охриѓани и гостите кои во текот на престојниот викенд ќе престојуваат во Охрид ќе може да уживаат во прекрасниот хотелски амбиент, базенот и спа центарот на хотелот „Тино“ во Свети Стефан благодарание на специјалната викенд понуда по промотивна цена.

За само 550 денари по лице за дневна карта, во сабота и недела (на 30-ти и 31-ви јануари) гостите ќе може да уживаат во еден оброк составен од предјадење, главно јадење по избор од мени, десерт и еден пијалок. Во понудата е вклучено и гратис користење на спа центарот, на внатрешниот базен и базенот за деца.

Инаку пред почетокот на зимската сезона хотелот „Тино“ започна со издавање на месечен билет за користење на затворениот базен и спа центарот за само 3.000 денари. Посетителите со месечната карта ќе може да го користат неограничено внатрешниот затоплен базен како и спа центарот кој располага со џакузи, сауна и бања на пареа.

OhridNews