Акција за собирање отпад од електрична и електронска опрема организира Секторот за урбанизам и заштита на животна средина при општина Охрид, по повод одбележувањето на Денот на планетата Земја – 22-ри Април.

Како што соопштуваат од локалната самоуправа, овој вид отпад  спаѓа во опасен и не смее да се меша со останатиот комунален отпад.

Акцијата ќе се спроведе во три дена и тоа  на 18, 19 и 20-ти април 2013 година од 10 до 18 часот на две локации:

1.Полигон за мали спортови на ул. „Партизанска“ кај ресторан „Европа“
2.Просторот пред продавницата за акумулатори „АКУМА ТРЕЈД“ на ул. „15-ти Корпус“    бр.104 на патот за с. Лескоец

Од општината аплелираат до институциите, фирмите и граѓаните кои поседуваат неисправни  монитори, компјутерски процесори, принтери, тастатури и останата компјутерска опрема, како и телефони, вентилатори,  звучници, правосмукалки,телевизори и други апарати од домаќинството да ги донесат до најблиската за нив локација.

OhridNews