Времето денеска ќе биде претежно облачно, во западните и јужните делови со слаб локален дожд, на планините слаб снег. Ќе дува слаб, во западните делови умерен ветер од источен правец. Максималната дневна температура во Охрид ќе достигне до 7 степени Целзиусови.

Од сабота кон крајот на денот ќе има спуштање на постудена воздушна маса, што ќе услови во следните два дена врнежи од снег да има и во некои котлини, особено во северните делови. Врнежите ќе бидат со слаб, а повремено на места со умерен интензитет, информира УХМР Македонија.

OhridNews