Времето денес ќе биде променливо облачно и нестабилно на места со дожд и грмежи. Локално врнежите ќе имаат пороен карактер. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Максималната дневна температура во Охрид ќе достигне до 22 степени Целзиусови.


Стабилизирање на времето се очекува во сабота која ќе биде сончева, со умерена облачност. Веќе во недела синоптичарите најавуваат нова дестабилизација на времето, проследена со врнежи од дожд и грмежи.

OhridNews