По повод Денот на пензионерите на Македонија 20 септември, Здружението на пензионерите на Охрид и Дебрца во сабота во 11 часот и 30 минути, во големата сала на општина Охрид ќе одржи пригодна свеченост. За историјатот, значењето, развојот и улогата на Сојузот на пензионерите на Македонија и на Здружението на пензионерите на Охрид и Дебрца пригодно обраќање ќе има претседателот на Извршниот одбор на пензионерите од Охрид и Дебрца Ѓорѓи Трпчески.
На пригодната свеченост гостите и пензионерите се очекува да ги поздрави градоначалникот на Охрид Никола Барачески.
Инаку охридските пензионери на неодамна одржаната Пензионерска спортска олимпијада во Штип го освоија преодниот пехар кој по трите победи со ред, остана во нивна трајна сопственост.
OhridNews