Ј.П.”Охридски Комуналец” ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 9- ти април (сабота) ќе организира акција за подигање на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети,теписони и др.) во населбата “Стар Град” .

Се молат граѓаните кои живеат во споменатиот дел од градот, доколку имаат ваков отпад, да го извадат најкасно до 10 часот на места кои се лесно пристапни за возилата на јавното претпријатие или до контејнерите, со претходно пријавување на локацијата на дежурниот телефон 046/265-353, за да може Ј.П.”Охридски Комуналец”  благовремено да го подигне.

OhridNews