Викендов Македонија ќе се најде под влијание на влажен бран кој ќе донесе врнежи од дожд, на места во форма на невреме.
Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, утре претпладне не очекува сончево и топло време со умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд, на места пообилен, грмежи и засилен ветер. Максималната дневна температура во Охрид ќе достигне до 24 степени Целзиусови, а индексот на УВ зрачење ќе изнесува 7.
Слично време не очекува и во недела. Од понеделник ќе настапи стабилизација и ќе имаме пораст на температурите, кои на места ќе се искачат над 30 степени Целзиусови.