Во петок, 19- ти април ќе се игра претставата „Емигранти“ од Славомир Мрожек, во режија на Ирена Стеријовска.
Во сабота, 20- ти април, охридската публика ќе ја проследи претставата „Ај да си речиме уште една“ во режија на Андреј Цветановски.
Почеток на претставите е во 20 часот. Карти може да се набават во билетарата на Центарот за култура „Григор Прличев“ секој работен ден по 15.00 часот, а резервации може да се направат на телефон 046/261- 063.