Денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките места од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната дневна температура во Охрид ќе достигне 9 степени Целзиусови.
Како што информираат од УХМР, слично време со сончеви периоди и локални врнежи од дожд не очекува овој викенд. Максималните дневни температури во сабота и недела ќе се движат помеѓу 9 и 16 степени целзиусови.
OhridNews