Голем број охриѓани, но и гости од земјава и странство од летните горештини се освежуваа пливајќи во езерската вода која годинава достигна рекордно високи температури, искачувајќи се и до 27 степен.
Според прогнозите на синоптичарите намалување на температурите се очекува од денес. Се предвидува умерено облачно и ветровито време. Во северните делови претпладне локално е можен краткотраен дожд. Ќе дува засилен, повремено и силен ветер од северен и северозападен правец, кој на моменти ќе достигнува и над 80 км/час.
Во вторник ќе биде сончево и ветровито со максимални температури од 24 до 32, а од среда ќе има благо покачување на температурите и максимална до 34 степени.
Во Охрид во наредните неколку денови минималната температура ќе биде 10 степени, а максималната до 28.