Во  рамките на своите активности за едукација на младата популација, Црвен крст Охрид во соработка со „Суперкиди“ од Дубаи, Обединети Арапски Емирати и Браинобраин детската академија од Ченаи, Индија, ќе започне со реализација на едукативна програма во која деца на возраст од 5-14 години ќе можат да ги стекнуваат, развиваат и се потврдуваат во своите способности: фотографска меморија, концентрација, способност за слушање и учење, креативност и имагинација, самодоверба, визуелизација,  решавање на проблеми и др.

Повеќе информации и детали за оваа необична и исклучително ефикасна програма, сите заинтересирани ќе можат да добијат на презентациите што тимот на „Суперкиди – Охрид“ ќе ги реализира на 03, 04 и 05 Септември 2010 г. (петок, сабота и недела) со почеток во 18ч. во просториите на Црвен Крст Охрид.

OhridNews