Екипите на Дебрца и Лакочереј в сабота во 17:30 часот ќе одиграат првиот натпревар од завршницата од Општинската фудбалска лига.

Победникот од овој дуел во финалето ќе се сретне со подобриот од Воска – Сатеска, кој се игра в недела во 14:00 часот, а севкупниот победник патува во Третата македонска фудбалска лига.

Претходно тимот на Сатеска во финалето од Општинскиот куп ја совлада екипата на Вулкан со 3-1.

Мх.П.