Топлото време, слободните денови за празникот Илинден, неколкуте настани кои ќе се одржат викендов се причина што голем број гости, претежно од земјава, го најавиле своето доаѓање и направиле резервации во приватното сместување.
– Изминатиов месец имаше денови кога нашите капацитети по неколку дена беа празни. Надеж ни дава продолжениот викенд и се надеваме дека барем наредните десеттина дена Охрид ќе заличи на она што бил останатите години во овој период од годината- преполн со туристи, велат приватните станоиздавачи.