Според временската прогноза за Охрид, времето во текот на викендов ќе биде топло и стабилно со максимални температури од 19 степени и минимални од 6 до 9 степени.
Дестабилизирање на временските услови се очекува од понеделник. Во првите два дена од наредната седмица во Охрид ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Максималната температура во понеделник ќе биде 13, а во вторник 9 степени.

Од среда до крајот на седмицата ќе биде ведро и сончево, но со пониски температури, особено во вечерните часови. Дневните температури ќе се движат помеѓу 11 и 13 степени, а минималните од 0 до 2 степени целзиусови.

OhridNews