Во сабота во Културно информативниот центар „Култура 365“, граѓаните ќе можат да се запознаат со творештвото на охриѓанецот Борис Бојаџиски.

Како што информираат од КИЦ „Култура 365“, целта е да се оживее споменот за подзаборавените охридски литературни творци.

Бојаџиски е роден во Охрид во 1915 година. Започнал да се бави со литература додека бил во учителската академија во Шабац. Подоцна, како учител, напишал неколу приказни за деца. По ослободувањето на земјава, Бојаџиски бил еден од првите македонски автори за деца. Во творечкиот опус за најмладите спаѓаат неговите дела „Милка“, „Првите цутови“, „Чекори што не можеа да запрат“, „Денес, утре, задутре“, „Ронки“ и „Галебово крило“.

Исто така, Бојаџиски има освоено бројни награди за неговата литературна активност. Почина во Охрид во 1959 година.

OhridNews