Љубителите на фудбалот во Македонија од овој викенд ќе бидат побогати со стартот на уште едно натпреварување, Втората МФЛ. Првото коло се игра в недела со почеток во 17ч.


Конкуренцијата се очекува да биде извонредно силна со влегувањето на екипите на Победа Јуниор, Руфеа, Кораб, Треска и Осогово. Тука се и поранешните прволигаши Скопје и Пелистер како и екипите на ГФК Тиквеш 09, Миравци 1951 и Беласица, Охрид Лоте кои минатата сезона беа секогаш во врвот на Втората МФЛ.


Двојки :

Охрид Лоте – Еуромилк
ГФК Тиквеш 09 – Победа Јуниор
Осогово – Беласица
Скопје – Руфеа
Пелистер – Кораб
Влазерими – Дрита
Локомотива – Риниа
Треска – Миравци 1951