Едриличарскиот клуб ПАМПУР, овој викенд ја започнува својата традиционална Октомвриска Регата.

ПАМПУР или Прва Авантуристичка Македонска Поморска Ударна Регата, постои од 2007 година и ова е осма по ред регата каде што македонските едриличари ќе се ги испробаат поморските вештини на Јадранското Море во Хрватска. ПАМПУР е единствениот едриличарски клуб во земјава каде што едриличарите се специјализирани за едрење на море.


Испловувањето е закажано за 8 Октомври од Биоград на Море, а регатата ќе трае до 15 Октомри и ќе се плови околу архипелагот Корнати како и островите Дуги Оток, Жут, Иж, Молат, Рава и Лошињ.

Оваа регата е специфична по тоа што за првпат се користат едрилици од ист тип и големина, Баварија 46 фита, или 14 метри должина. На регатата ќе учествуваат 15 брода или вкупно 110 македонци, што ја прави оваа октомвриска регата најмасовна до сега!

Временските услови за наредната недела во Хрватска ветуваат предизвикувачки натпревар, особено во првите неколку дена од регатата каде што се очекува да дува ветер Бура со силина до 30 чвора или околу 50 километри на час. Завршната вечер е на островот Левернака, каде што ќе бидат прогласени резултатите и наградите за победниците.

“Макфакс“
Ohridnews