За разлика од времето денес и максималната температура од 22 степени, за утре се предвидува значајно намалување на температурата. Првиот ден од викендот во Охрид ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и дневна температура од 11 степени, а во текот на ноќта ќе падне и до првиот степен над нулата.
Во недела ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и максимална температура до 12 степени, а минимална до 3 степени целзиусови.
OhridNews












