Во организација на вештите жени од градовите низ земјава, утре, со почеток во 19 часот во хотелот „Далјан“ ќе се одржи традиционалната манифестација „Етно вешта жена“.
Ќе бидат претставени бројни охридски и струшки специјалитети, а на манифестацијата ќе гостуваат и жени од другите градови од земјава.
За доброто расположение на присутните ќе се погрижи пејачот Јоце Панов.
Гостите на манифестацијата ќе можат да купат и мени кое ќе чини 200 денари.
OhridNews