В Недела во Охрид со почеток во 10 часот на регатното поле Пристаниште-Горица-Канал во Организација на Едриличарскиот клуб Бофор ќе се одржи Државно првенство во класите Оптимист и Ласер4.7.


На првенството ќе настапат дваесетина млади едриличари во класата Оптимист која ќе се бодува како генерален пласман и посебно пласман за девојките. Во класата Ласер 4.7 се очекува да настапат десетина едриличари.

На државното првенство ќе настапат едриличари од струшкоте клубови СНЕГАР и СИРМА и охридските клубови Стрмец и домаќинот Бофор. Во наредната недела во Струга ќе се одржи Државно првенство други три класи.


Со овие првенства ќе се определат дефинитивниот состав на едриличарскиот тим кој во почетокот на септември ќе ја претставува Македонија на Балканскиот шампионат во Олимписки класи и Опримист,кој ќе се одржи во Измит,Турција.

Ohridnews