Четири екипи, две од Македонија и две од Бугарија ќе бидат дел од вториот меѓународен турнир во хокеј на трева кој ќе се одржи во спортската арена “Билјанини Извори“ .


Охридските Стик 2007 и Витези, како и Бјала и Свистов од Бугарија во првата рунда в сабота ќе играат секој против секого, а во финалето в недела ќе играат прво и второ пласираните екипи на табелата.

Натпреварите започнуваат од 9 часот. На првиот меѓународен турнир победи екипата на Баните од Бугарија.

Ohridnews