Викендов во Струга, ќе се оддржи традиционалната манифестација „Домијада 2013“ под покровителство на Министерството за образование и наука.
На манифестацијата ќе учествуваат сите студентски и ученички домови од земјава, како и домовите со посебни образовни потреби. Учесниците ќе бидат дел од спортски натпревари и ликовна колонија како работилница.
Инаку, настанот ќе биде збогатен со многубројни гости од соседните и европските земји.
OhridNews