Викендов се очекува намалување на температурите, во северните делови од земјата и 10 степени. Намалувањето на температурите ќе биде проследено со силен ветер кој ќе достигнува брзина и до 80 километри на час.

Кон крајот на денешниот ден се и во текот на ноќта се очекува продор на посвежа воздушна маса од север, што ќе услови развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и силен северен ветер. 

Во Охрид, денес, во попладневните часови и во текот на утрешниот ден, метеоролозите предвидуваат врнежи од дожд и грмотевици, како и благ пад на температурата. Стабилизирање на временските услови ќе има од недела, а температурата ќе се движи до 23 степени целзиусови.

OhridNews