До сабота ќе се задржи стабилно и суво време, по котлините со појава на магла, особено во претпладневните часови. Во недела попладне најпрво во западните делови ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег. Во текот на ноќта кон понеделник врнежите ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места.

Врнежи од дожд и снег ќе има и во понеделник претпладне, а преку денот ќе дува засилен северен ветер, кој ќе предизвика опаѓање на температурите, информира УХМР Македонија.

OhridNews