
Фестивалот свечено ќе биде отворен на 1 јули на сцената во Античкиот театар, а концертите ќе се одржуваат на летната сцена на Градскиот плоштад. Од организацијата на фестивалот информираат дека годинава покрај концеритите ќе биде организирана и изложба на традиционални македонски носии.
Според најавите во рамки на фестивалската програма ќе настапат Фолклорните друштва ,,Абрашевиќ’’, ,,Рибарска Бања’’ и ,,Радост’’ од Србија, ,,Вангелов’’, ,,Луди млади’’ и ,,Петрич ‘’од Бугарија како и ,,Капија’’ и ,,Бисер’’ од Босна и Херцеговина. Исто така се очекува да настапат и играорци од Албанија, Турција, Грција, Косово, Хрватска, како и од други земји. Покрај фолклорните друштва од странските земји, на фестивалот ќе настапат и неколку македонски фолклорни друштва.
Фестивалот „Разиграно оро“ го организира ансамблот „Филиграни“ од Охрид со поддршка од Министерството за култура и Општина Охрид.











