Граничните премини кон Грција од 20 до 23 мај ќе бидат затворени поради штрајк на грчките царински служби, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи кое добило известување од страна на грчките погранични власти.

Сообраќајот на граничните премини „Меџитлија“ и „Стар Дојан“ ќе биде во прекин на патнички и товарни моторни возила додека преминувањето на границата пешки е дозволена за сите патници.

На граничниот премин „Богородица“ сообраќајот при влез и излез од Грција ќе се одвива со прекини, односно после секои два часа прекин, ќе се пропуштаат возила во времетраење од 15-ина минути.

OhridNews