Денес на програмата на фестивалот Балкански фестивал се настапите на Ансамблите ,,Пирин” – Благоевград, Бугарија и Ансамблот ,,Љубо Божановиќ” – Пипери, Подгорица, Црна  Гора.

Овогодинешното издание на фестивалот ќе биде затворено утревечер кога на градскиот плоштад свој концерт ќе имаат Ансамбл ,,Салајка”  Тамборице- Чешка,  КУД ,,Св. Апостол Петар и Павле” – Охрид, Ансамбл ,,Македонија” Волонгонг- Австралија и КУД ,, ОТЕКС” Охрид.


Во рамки на фестивалот годинава учествуваа  ансамбли од Турција, Србија, Црна Гора, Бугарија, Чешка, Австралија, Нигерија и од Македонија.

Балканскиот фестивал за народни песни и игри го организира Центарот за култура „Григор Прличев” од Охрид, со подршка од  Министерството за култура, а под покровителство на Собранието на Република Македонија.

Ohridnews