Вики клубот Охрид, овој февруари, се приклучи на кампањата за запознавање на ретките болести. По тој повод членовите на клубот ја надополнија Википедија на македонски јазик со статии за ретките болести, кои многу малку беа застапени во оваа датотека. За тоа тие станаа партнери и пријатели на Светската организација на ретки болести.

Исто така, специјализираните статии на Вики клубот Охрид за ретките болести се најдоја и во јануарското издание на месечниот весник за едукација на Википедија.

По повод Мсецот на ретките болести, Вики клубот Охрид секој ден од месец февруари ќе уредува по една статија која ќе биде објавувана на Википедија.

Вики клубот Охрид, функционира во просториите на Црвен крст Охрид, секоја среда, од 13:30 до 14:30 и во него се добредојдени сите ученици од 13 до 18 години. Клубот го води Наташа Неданоска, координатор за образование на ГЛАМ Македонија за Охрид.

OhridNews