Викиликс објави документ од Американската амбасада во Софија во кој се наведува дека пријателскиот фудбалски натпревар меѓу Македонија и Канада одигран во Струмица на 14 ноември 2009 година бил наместен, објавуваат канадските медиуми.


– УЕФА спроведува истрага за бугарскиот судија Антон Генов во врска со тврдењата дека е вклучен во местењето на натпреварот. Според УЕФА, имало сомнителни уплати во обложувачниците дека на натпреварот ќе бидат постигнати три или повеќе голови. Македонија ја победи Канада со 3:0, а судијата Генов досуди четири пенали, сите во второто полувреме, по два на двете страни, пишува во документот.

Судијата Генов беше суспендиран, но потоа ослободен од обвиненијата иако остана под набљудување на УЕФА. Веднаш по натпреварот имаше шпекулации дека е наместен, иако според некои Македонија воопшто не била вклучена во тоа, наведуваат медиумите во Канада.


Канадскиот селектор Стивен Харт за „Канадијан прес“ изјавил дека сите четири пенали биле оправдано досудени од бугарскиот арбитар Антон Генев.

Ohridnews