Викса Пром и Инекс Олгица обезбедија пласман во четвртфиналето на 28. издание на турнирот во мал фудбал „Богородица куп 2026“ во Волино, по убедливите победи во синоќешните осминафинални натпревари.

Викса Пром го совлада Киоск Кај Бироно со 9:2, додека Инекс Олгица со 8:2 беше подобар од Охридски бисер Филеви.

Резултати – 1/8 финале, 21 август:

Викса Пром – Киоск Кај Бироно 9:2
Инекс Олгица – Охридски бисер Филеви 8:2

Осминафиналната фаза завршува вечерва со последните три натпревари, по кои ќе бидат комплетирани сите четвртфинални двојки.

Распоред – 22 август:

20:30 Екстра Скопско – БЗ Груп
21:30 Типлери – Чардак Велгошти
22:30 ДОЕЛ Ноче – Мороишта

Победниците од вечерашните пресметки ќе им се приклучат на Сатеска, Асп Пак, Аце Најдески, Викса Пром и Инекс Олгица во четвртфиналето.

Г.М.